Навивачите на KK Партизан брзо го заборавија неуспехот во финалето од Купот на Србија и му приредија спектакуларен дочек на тренерот Жељко Обрадовиќ.
Околу 20.000 гледачи на трибините околу две минути го скандираа името и презимето на стратегот на Партизан.
Претходниот период во Србија се отвори прашање за тоа дали Обрадовиќ ќе остане и идната сезона на клупата на Партизан, а сето тоа откако Обрадовиќ по поразот во финалето од Купот изјави дека треба да се запраша дали можеби не е време за заминување.