Обложувачки скандал ја тресе и НБА лигата, а во централна улога е центарот на Торонто Репторс, Џонтеј Портер.
Кошаркарот се терети со потенцијално илегално обложување на натпревари од кои бил дел, дури и на својот личен учинок.
Под лупа се натпреварите на 26 јануари против Клиперси и на 20 март против Феникс Санс. На двете средби Портер предвремено се повлекуваше, поради повреда и болест.
Во моментов се вршат испитувања на сомнежите и детална истрага. Доколку се потврди дека Портер одглумил здравствени проблеми и одигра „минус“ на поени, скокови и асистенции, може да биде во сериозен проблем.