Кошарка НБА

Ново шоу и трипл-дабл на Јокиќ во победа на Денвер

20-тиот натпрвар на Божик го одигра Леброн Џејмс, но неговиот тим ЛА Лејкерс загуби на домашен терен од Хјустон со 119:96.

Ново шоу и трипл-дабл на Јокиќ во победа на Денвер

Кошаркарите на Денвер по продолжение ја совладаа Минесота во последниот (петти) натпревар од Божикната програма во НБА. Дуелот беше завршен по продолжение, а Никола Јокиќ запиша 56 поени, со 15 скокови и 16 асистенции. Ова е за првпат кошаркар да има постигнал 55 поени со по 15 и повеќе скокови и асистенции.

20-тиот натпрвар на Божик го одигра Леброн Џејмс, но неговиот тим ЛА Лејкерс загуби на домашен терен од Хјустон со 119:96.

Инаку божикната програма стартуваше со дуелот Њујорк – Кливленд, кои го добија домашните играчи со 126:124. Оклахома Сити беше изненадена на домашен терен од сан Антонио, кој славеше со 117:102, а Голден Стејт го совлада Далас со 126:116.

To top