Кошаркарот на Филаделфија Пол Џорџ ја заврши својата сезона, пренесува ESPN. Според информациите станува збор за проблеми со коленото и за него сезоната е завршена.
Сиксерси се дури на 12 позиција на табелата во Источната конференција и со минимални шанси за влез во плеј-офот.
Џорџ одигра 41 натпревар оваа сезона со просек од 16,2 поени, 5,3 скокови и 4,3 асистенции.
Тој е член на Сиксерс од минатото лето, кога дојде од Лос Анџелес клиперс чиј дрес го носеше пет години. Пред тоа играше за Оклахома, како и за Индијана за која настапуваше седум сезони.