Кошарка

Новата НБА сезона започнува со дуелите Хјустон – Оклахома и Голден Стејт – ЛА Лејкерс

Новата НБА сезона започнува со дуелите Хјустон – Оклахома и Голден Стејт – ЛА Лејкерс

Хјустон ќе гостува кај Оклахома, а Голден стејт ќе игра кај Лос Анџелес лејкерс на 21 октомври, мечеви со кои почнува новата сезона во кошаркарската НБА-лига,објавија ЕСПН и „Атлетик“, пренесе агенцијата „Ројтерс“.

Оклахома ќе го крене своето прво шампионско знаме пред тој натпревар. Голден стејт и ЛА лејкерс ќе се сретнат потоа, кога Џејмс ќе влезе во својата осма сезона со Лос Анџелес, а Лука Дончиќ ќе ја почне својата прва целосна сезона со ЛА лејкерс.

На отворањето на сезоната ќе играат Леброн Џејмс, Стеф Кари, Кевин Дурант и актуелниот најкорисен играч Шеј Гилџус-Александер, пренесе „Ројтерс“.

To top