Кошарка

Нова повреда за Ентони Дејвис

Нова повреда за Ентони Дејвис

Екипата на Далас повторно се соочува со проблеми поради новата повреда на Ентони Дејвис.

Тој мечот го заврши натпреварот против Јута со 21 поен, 11 скокоа и четири асистенции, недоволни за да го избегнат поразот (116:114).

Но, ако мора да има уште една долга пауза, тоа ќе биде голем проблем за Маверикс. Дејвис ја повреди раката на две минути до крајот на натпреварот и мораше предвреме да оди во соблекувалната.

Инаку, тој беше во центарот на вниманието минатата година, кога реши Далас да го размени Лука Дончиќ за него, и сето тоа им се удри од глава. Дејвис е почесто повреден отколку што е на теренот, а Далас игра очајно веќе подолг период.

-Нормално е за нас, ништо ново. Имаме многу проблеми со повредите и со болестите. Губиме еден човек, следниот доаѓа – порача тренерот Џејсон Кид.

Дејвис пропушти 20 натпревари оваа сезона и има просек од 20,3 поени, со околу 50 % шут од поле.

To top