Во продолжението од сезоната во НБА лигата дел од составот на Далас нема да биде ниту Данте Егзум, австралискиот репрезентативец кој заработи скршеница на дланката на левата рака.
Новата повреда нови и катастрофални вести бидејќи сега тимот има само осум кошаркари меѓу кои е и Кеслер Едвардс, кошаркарот со двојна лиценса кој може да одигра само уште три натпревари во НБА лигата.
Ваков договор имаат и Брендон Вилијамс (уште шест натпревари во НБА), како и Каи Џоунс (уште 11 натпревари).
Тоа значи дека доколку во следните натпревари Далас нема доволно кошаркари (осум) за настап тоа ќе значи и служебен пораз.