Тренерот на КК Црвена Звезда, Јанис Сферопулос, истакна дека главната причина за нивниот пораз во Љубљана од Олимпија Цедевита, е слабата игра во одбраната.
– Честитки до Цедевита, одлично одиграа и заслужено победија. Нападот ни беше на ниво, но одбраната беше доста слаба. Распоредот ни беше тежок, имавме три натпревари во пет дена, имавме две патувања. Кога ќе постигнете 86 поени, а не победувате, тогаш нешто не е во ред со одбраната, порача Сферопулос.
Но не е поразот главната преокупација, односно грижа на „црвено-белите“, туку повредата на Милош Теодосиќ.
– Не знаеме уште ништо, ќе видиме кога ќе оди на скенер, порача Сферопулос за Теодосиќ.
Првичните проценки од соседството зборуваат за тоа дека Милош Теодосиќ би можел да паузира 4-5 недели.