Кошарка

Нов удар за Панатинаикос

Нов удар за Панатинаикос

Кошаркарот на Панатинаикос Омер Јуртсевен се повреди на големото дерби против Олимпијакос и ќе отсуствува долго време.

Турскиот центар одигра само пет минути и 46 секунди, откако мораше да излезе поради повреда. Се испостави дека повредата е од посериозна природа.

Тренерот на Панатинаикос, Ергин Атаман потврди дека се работи за повреда на десната нога. Се очекува пауза најмалку еден месец, а можеби и два.

Тоа значи дека Јуртсевен сигурно ќе пропушти четири натпревари во Евролигата, од кои три на домашен терен против Жалгирис, Фенербахче и Анадолу Ефес, како и гостувањето кај Олимпија Милано, додека мечевите со Асвел на гости, Реал во Атина, дербито против Олимпијакос и Алба во Атина се под голем знак прашалник.

To top