Кошарка

Нов трипл-дабл на Никола Јокиќ,но Денвер е поразен

Нов трипл-дабл на Никола Јокиќ,но Денвер е поразен

Екипата на Денвер Нагетс  загуби на гостување кај Голден Стејт Вориорс со 128-117 во НБА натпревар одигран во Сан Франциско.

Домашниот тим ја прекина серијата од два порази со силна завршница во последната четвртина.

Брендин Подзиемски постигна 18 поени, од кои 12 во последните пет минути. Тој додаде 15 скока и девет асистенции, контролирајќи го ритамот во клучните моменти.

Ал Хорфорд погоди шест тројки и заврши со 22 поени и седум асистенции. Мозес Муди беше најефикасен со 23 поени , а ДеАнтони Мелтон придонесе со 20 поени од клупата. Вориорс играа без неколку ѕвезди, кои се повредени.

Недостасуваа, Стефен Кари, Кристапс Порзингис, Дрејмонд Грин и Џими Батлер за кого сезоната е завршена.

Кај Денвер Нагетс, Никола Јокиќ имаше 25 поени, 20 скока и 12 асистенции.

Бадијала беше трипл-дабл ефектот на Јокиќ, бидејќи тимот не издржа во финишот. Ова за Јокиќ беше петти трипл-дабл во седум натпревари и 19-ти сезонава, а вкупно 183-ти во кариерата.

 

 

To top