Кошарка

Нов голем удар за ЛА Лејкерс

Нов голем удар за ЛА Лејкерс

Лос Анџелес Лејкерс добија сериозен удар пред самиот финиш на сезоната, откако Остин Ривс му се приклучи на Лука Дончиќ на листата на повредени.

Ривс заработи истегнување на стомачниот мускул, поради што ќе паузира најмалку четири до шест недели.

Ова значи дека за него е завршен регуларниот дел од сезоната, а сериозно е доведен во прашање и настапот во првото коло од плејофот.

Отсуството на двајцата клучни играчи создава огромни проблеми за тимот во најважниот дел од сезоната.

Ривс оваа сезона играше во фантастична форма, со просек од над 23 поени по натпревар, што го прави еден од главните носители на играта.

Неговиот напредок беше клучен фактор за добрите резултати на тимот.

Со оглед на тоа што се борат за врвот на Западната конференција, овие отсуства можат сериозно да влијаат врз нивниот пласман и шансите за домашен терен во плејофот.

To top