Македонскиот кошаркарски прволигаш Пелистер донесе ново име во екипата за продолжението од сезоната во домашниот шампионат и во АБА-2 лигата.
Тоа е Дешон Најт, 32-годишен Американец кој доаѓа од тимот на Широки Бријег за кого играше последен пат.
Во биографијата, Најт има настапи во осум европски земји, а исто така има настапувано и во Катар и Австралија.