Најдобрите македонски кошаркари продолжуваат со подоготкивте за двомечот со Литванија во квалификациите за Европското првенство.
Повратникот во националениот дрес Кристијан Николов пред дуелот истакна дека е штета што во првиот натпревар нема да може да сметаме на Ти-Џеј Шортс и Ненад Димитријевиќ.
„Тешко е сега да се прогнозира дали ќе се пласираме на Европското првенство, бидејќи секој натпревар е посебна приказна и не знаеме кој ќе игра, а кој не. Ги имаме Нено и Шортс кои играат во Евролигата и кога би биле тие тука, тоа ќе биде друга приказна. Допрва ќе ги анализираме и Литванците, знам дека и тие нема да бидат комплетни што ќе биде многу тешко за скаутинг, имаат и нов селектор, па ќе видиме што ќе се случи“– вели Николов пред мечот со големата Литванија.
Натпреварот во Скопје го играме во СРЦ „Кале“ в четврток со почеток од 18:00 часот. Македонија веќе одигра две кола во Групата Х, од која најдобрите два тима ќе се изборат за учество на ЕП 2025. Во првото коло, дома изгубивме од Естонија (69-74), а во второто како гости ја победивме Полска со 96-71.