Кошарка

Никола Вучевиќ објави крај на настапите во репрезентацијата

Никола Вучевиќ објави крај на настапите во репрезентацијата

Една од најголемите кошаркарски ѕвезди на Црна Гора Никола Вучевиќ, по поразот од Велика Британија на Евробаскет, објави дека ја завршува својата репрезентативна кариера.

Поразот значеше крај на настапите за црногорската селекција на континенталниот шампионат, а воедно и последен настап за центарот на Чикаго Булс во националниот дрес.

„Тешко е да се заврши кариерата во националниот тим на ваков начин. Сакав да играм уште натпревари во Рига, но работите се такви какви што се. Благодарен сум на сите тренери, соиграчи и навивачи што ми ја дадоа честа да бидам дел од овој тим,“ изјави Вучевиќ по мечот.

И покрај елиминацијата, 34-годишниот кошаркар остави силен впечаток на турнирот – во пет натпревари бележеше просек од 20,8 поени, 11,6 скокови и 4,4 асистенции, со што повторно покажа дека е еден од најконстантните играчи во Европа.

 

To top