Според најновите информации Никола Миротиќ ќе паузира во следниот месец и пол, односно се очекува да се врати на терените дури на крајот на јануари, или почетокот на февруари.
Првите прогнози беа пооптимистички, дека кошаркарот ќе биде вон строј до крајот на годинава, меѓутоа сега пронозите се далеку полоши.
Кошаркарот ја повреди Ахиловата тетива, и почна период на рехабилитација во траење од шест недели, после кое неговата ситуација повторно ќе биде проценувано.
Згора на тоа, повреда заработи и плејмејкерот Маодо Ло, кого го очекува пауза од најмалку три седмици од кошаркарските терени.