Кошарка

Никола Јокиќ влезе во историјата на Олимписките Игри

Никола Јокиќ влезе во историјата на Олимписките Игри

Српскиот кошаркар Никола Јокиќ на мечот за бронзен медал  со Германија имаше учинок од 19 поени, 12 скока и 11 асистенции и со тоа стана само четвртиот играч кој забележал „трипл-дабл“ на Олимписките игри.

Во историјата на Олимписките игри „трипл-дабл“ запишаа само Александар Белов во 1976 година, Леброн Џејмс во 2012 и 2024 година, Лука Дончиќ во 2020 година и Никола Јокиќ денес.

Србија моментално е најдобар по сите клучни параметри на Игрите во Париз, бидејќи има најмногу – поени, скокови, асистенции и украдени топки.

Дали тоа ќе биде доволно за признанието МВП на кошаркарскиот турнир во Париз ќе дознаеме вечерва, по завршувањето на вечерашното финале меѓу Франција и Соединетите Американски Држави.

To top