Српскиот кошаркар Никола Јокиќ убедливо води во трката за освојување на МВП признанието сезонава по регуларниот дел од НБА лигата.
Според анкетата на ЕСПН, Јокиќ има најголем број гласови добиени од новинарите, трансформирани во 889 бода, дури 180 бода повеќе од вториот на листата Шеј Гилџус Александер од Оклахома.
Трет на листата е Гркот Јанис Антетукомпо од Милвоки.