Кошарка

Никола Јокиќ се врати на тренинзите на својот тим

Никола Јокиќ се врати на тренинзите на својот тим

Најдобриот кошаркар на светот Никола Јокиќ, е на добар пат да се врати на терените многу побрзо од очекуваното.

Иако првичните прогнози за неговата повреда на коленото беа песимистички, Србинот уште еднаш покажа дека е скроен „од друг материјал“.

Како што пренесува инсајдерот на ЕСПН, Шамс Чаранија, Јокиќ веќе започнал со тренинзи со топка и индивидуални вежби на теренот.

Иако се предвидуваше пауза од четири до шест недели по повредата заработена на 29 декември против Мајами, трикратниот МВП е пред предвидениот распоред и неговиот камбек се очекува до крајот на овој месец.

 

To top