Кошарка

Никола Јокиќ прави трансфер во ЛА Лејкерс

Никола Јокиќ прави трансфер во ЛА Лејкерс

Никола Јокиќ е незадоволен од случувањата во таборот на Денвер Нагетс и најавуваат дека Србинот наскоро би можел да замине од тимот каде стана најдобар светски кошаркар.

Иако управата донесе неколку засилувања за новата сезона, се претпоставува дека Јокиќ е веќе презаситен од настапите за Денвер и посакува нов предизвик во кариерата.

Ваквата ситуација отвора можност за повеќе НБА франшизи кои сигурно би се „истепале“ за да го доведат во своите редови.

Се споменуваше спектакуларен трејд во Лејкерс, каде би се обединил со Словенецот Лука Дончиќ, но дали тоа е изводливо во текот на оваа година, навистина е тешко да се каже.

To top