Најдобриот кошаркар на светот Никола Јокиќ заздрави од повредата и утринава против Јута го однесе својот тим до нова победа и тоа со 129:93.
Србинот застана на 27 поени, 14 скокови и 6 асистенции. Па така сега урна уште еден рекорд. Тој е првиот кошарка во историјата на НБА кој најбрзо стигнал до 16.000 поени, 8.000 скокови 5.000 асистенции.
За ова му биле потребни 739 мечеви. Претходно рекордот го држеше Лари Бирд со 799 мечеви.
На останатите мечеви се постигнаа овие резултати:
Детроит – Кливленд 133:122, Бруклин – ЛА Клиперс 100:132, Торонто – Шарлот 108:97, Милвоки – Њујорк 107:116, Минесота – Феникс 124:109, Њу Орлеанс – Голден Стејт 95:111.
NIKOLA JOKIĆ HOW DO YOU KEEP DOING THIS
ONE-HANDED FROM PAST HALFCOURT TO BEAT THE FIRST-HALF BUZZER
pic.twitter.com/uOMLN3maCV
— NBA (@NBA) March 29, 2025