НБА тимот на Денвер Нагетс подготвуваат нов договор за трикратниот МВП на НБА Никола Јокиќ.
Продолжување на соработката меѓу Србинот и тимот од Колорадо најавија инсајдерите на најсилната кошаркарска лига во светот Тим Мекмахон и Рамона Шелбурн.
Според нивните информации, Јокиќ за новиот тригодишен договор ќе добие 212 милиони долари, а американските медиуми веќе посочуваат дека Јокиќ ќе ја прифати понудата.
Доколку тоа се случи, Јокиќ ќе стане најплатениот кошаркар во историјата. Пресметката вели дека тој ќе заработува 70,6 милиони долари годишно.