Кошарка нба

Никола Јокиќ испиша нова историја во НБА лигата

Српскиот кошаркар Никола Јокиќ имаше уште една ноќ за паметење во НБА. Во победата над Торонто (125-119) го забележа 126. трипл-дабл, а му требаат уште 12 за да стигне до Меџик Џонсон кој е третопласиран на оваа листа.

Јокиќ имаше 35 поени, 17 скока, 12 асистенции и шест украдени топки во дуелот со избраниците на Дарко Рајаковиќ. Токму ова последното го става во преден план, а според педантните статистичари, ниту еден играч во историјата на НБА немал такви бројки на еден натпревар.

Србинот значително се подобри од Ол-стар натпреварот и оттогаш има просек од 26,7 поени, 13,6 скока, 10,6 асистенции додека шутира 60 отсто од поле.

To top