Најновиот пресек за трката за најкорисен играч (МВП) во НБА лигата повторно го потврдува Никола Јокиќ како лидер кој останува неприкосновен на врвот.
Српскиот ас од редовите на Денвер Нагетс продолжува да ги воодушевува љубителите на кошарката со своите неверојатни перформанси и историски бројки.
Со просечни 31 поени, 13 скокови и 9,8 асистенции по натпревар, Јокиќ поставува нови стандарди во модерната кошарка. Неговата способност да доминира на сите аспекти од играта, од напад до организација и одбрана, го издвојува како еден од најдобрите во НБА-лигата.