Кошарка

Никола Јокиќ со нов „трипл-дабл“ – 184 – ти

Никола Јокиќ со нов „трипл-дабл“ – 184 – ти

Нов трипл-дабл“ учинок на Никола Јокиќ кој постигна 26 поени, 15 скока и 11 асистенции во победата на Денвер Нагетс над Мемфис Гризлис со 122-116.

Домаќините можеа побезгрижно да го завршат дуелот во „Бол Арена“, откако имаа максимално водство од 103:88, со Јокиќ на клупа, но им дозволија на гостите, без својата прва ѕвезда, Џа Морант, да стигнат до 103:100, а малку подоцна и да израмнат.

Кошот на Јокиќ на минута до крајот ги стави Нагетси во подобра позиција за 118:116. Мемфис не успеа да израмни во следниот посед, а Џамал ​​Мареј го потврди триумфот на домашните.

Ова беше 183-тиот „трипл-дабл“ во кариерата на популарниот „Џокер“, четврти по ред. Џиџи Џексон го предводеше Мемфис со 21 поен.

Лос Анџелес Клиперс го победи Хјустон со 105-102 на гостински терен. Кавај Ленард ги предводеше Клиперси со 27 поени и 12 скока, додека Бенедикт Матурин и Крис Дан постигнаа по 16 поени. На другата страна, најдобри играчи беа Кевин Дурант со 21, Рид Шепард со 17 и Алперен Шенгун со 16 поени.

Резултати:

Шарлот – Атланта 110:107

Кливленд – Вашингтон 138:113

Орландо – Милвоки 108:116

Бостон – Чикаго 124:105

Бруклин – Индијана 110:115

Филаделфија – Њујорк 89:138

Торонто – Детроит 95:113

Хјустон – ЛА Клиперс 102:105

Минесота – Портланд 133:109

Њу Орлеанс – Мајами 111:123

Денвер – Мемфис 122:116

Феникс – Оклахома 109:136

Јута – Сакраменто 121:93

Голден Стејт – Сан Антонио 113:126

To top