Само ден по поразот на неговиот Фенербахче во полуфиналето на Евролигата, специјализираниот кошаркарски портал „BeBasket“ ја пренесе веста дека Ник Калатес заминува од Истанбул и се сели во Монако.
Поранешниот грчки репрезентативец, како што додава истиот извор, нема да го продолжи договорот со турскиот гигант бидејќи добил понуда од клубот на српскиот тренер Саша Обрадовиќ, Монако.