Иднината на Јанис Адетокумбо во дресот на Милвоки Бакс изгледа сè понесигурна, а во јавноста веќе се појавуваат информации за клубови кои внимателно ја следат неговата ситуација и се подготвени да реагираат доколку дојде до разделба.
Грчкиот кошаркар наводно е незадоволен од моменталната состојба во екипата, бидејќи Бакс во овој момент немаат реална можност за борба за шампионската титула.
Токму тоа го наведува Јанис сериозно да размислува за заминување од клубот во кој ја мина целата своја НБА-кариера.
НБА-инсајдерот Крис Хејнс се огласи во врска со можната следна дестинација на Адетокумбо, наведувајќи дека како потенцијални кандидати се издвојуваат Њујорк Никс, Голден Стејт Вориорс, Мајами Хит и Минесота Тимбервулвс