Американските медиуми објавија дека во таборот на „дрим-тимот“ има проблем помеѓу селекторот Стив Кер и кошаркарот на Бостон Џејсон Тејтум.
Играчот на Бостон Селтикс бил разочаран што не добил минутажа на натпреварот против Србија на Олимписките игри и побарал објаснување од селекторот, по што имало мала расправија која се случила пред останатите играчи во тимот.
Тејтум го преседе целиот натпревар на клупата за резерви, па му рекол на Кер дека очекува многу поголема минутажа на следните мечеви, а селекторот не останал рамнодушен и возвратил дека ќе играат оние за кои смета дека се најподготвени во моментот.
Се шпекулира дека во разговорот се вклучил Леброн Џејмс, кој ги замолил двајцата да го довршат разговорот приватно, на што Кер веднаш се согласил и го поканил Тејтум во својата канцеларија.