Кошарка

Неверојатен историски рекорд на Никола Јокиќ во НБА (ВИДЕО)

Неверојатен историски рекорд на Никола Јокиќ во НБА (ВИДЕО)

НБА лигата уште еднаш му се поклони на големиот Никола Јокиќ кој синоќа на мечот Денвер – Феникс кој Нагетс го добија 149-141 после продолженија каде оствари историски учинок каков што немал никој пред него.

Никола Јокиќ постигна 31 поен со 22 асистенции и 21 скок за 45 минути, учинок каков што никој никогаш немал во НБА на еден натпревар.

Ниту најголемите легенди на оваа игра. Србинот имаше плус уште три украдени топки, а главен беше и во продолженијата каде постигна или асистираше во седум од осум успешни напади на Денвер Нагетс.

Сомборецот постави нов стандард за трипл-дабл учинок а го урна и рекордот на Вилс Чембрлејн за најмногу асистенции од центар кој претходно беше на огромни 21 асистенција. Со САМО 3 слободни фрлања.

Арон Гордон кој постигна 27 поени и личен рекорд од 7 уфрлени тројки. Кристијан Браун додаде 25 поени со по 5 асистенции и скока, Џамал Мареј имаше 19 поени и 8 асистенции, Мајкл Портер Џуниор 16 поени, 2 скока и 3 асистенции, Расел Вестбрук придонесе со 14 поени, четири асистенции и три скока, а Пејтон Вотсон имаше 11 поени и по две асистенции и два скока.

Кај Феникс Санс Девин Букер беше најефикасен со 34 поени, седум асистенции и шест скока. Кевин Дурент постигна 29 поени со девет скока и пет асистенции. Мејсон Пламли се избори за дабл-дабл учинок од 18 поени и 11 скока. Ник Ричардс имаше 18 поени а Бредли Бил и Грејсон Ален по 11 поени.

To top