Кошарка

Нено: Никогаш не била доведена во прашање мојата желба да играм за Македонија

Нено: Никогаш не била доведена во прашање мојата желба да играм за Македонија

Ненад Димитријевиќ, нашиот најдобар кошаркар, во поопширно интервју за „МеридианБет“ зборуваше на повеќе теми поврзани со својата кариера, меѓу кои и за настапите за националниот дрес.

Популарниот Нено вели дека секогаш му е чест да го носи дресот на Македонија.

„Чувството да се носи националниот дрес секогаш е одлично. Особено за играч од кого се очекува многу. Целосна слобода е голема мотивација да ја претставуваш својата држава. Сакам кога од мене се очекува повеќе. Имавме одличен настап против Полска и се надевам така ќе биде и на следните квалификациски натпревари“, рече нашиот ас.

Тој потврди дека во иднина ќе му биде на располагање на селекторот, бидејќи има желба да остави силна трага и во репрезентативниот дрес.

„Имав проблеми со корона вирусот, потоа во Валенсија ја скинав задната ложа. Сето тоа се поклопуваше со репрезентативните „прозорци“. Еднаш откажав затоа што баш тогаш потпишав со Валенсија. Никогаш не било во прашање дали јас сакам или не сакам да играм за Македонија. Едноставно некогаш се случуваат работи што не можете да ги контролирате“, додаде Димитријевиќ.

To top