Кошарка

Нено Димитријевиќ ќе биде дел од спектаклот во Загреб, во чест на Дражен Петровиќ

Нено Димитријевиќ ќе биде дел од спектаклот во Загреб, во чест на Дражен Петровиќ

Македонски кошаркар Ненад Димитријевиќ ќе биде дел од спектаклот во чест на 60 – годишнината од раѓањето на легендарниот Дражен Петровиќ кој ќе се одржи во Загреб.

Братот на Дражен, Александар Петровиќ, откри дел од имињата учествуваат, наведувајќи го и Ненад Димитријевиќ, кој ќе биде во тимот на светот што ќе го предводи Жељко Обрадовиќ.

„Ќе има многу големи имиња. Матијас Лесор, Торнике Шенгелија, Шејн Ларкин, Вања Маринковиќ, Ненад Димтријевиќ, Марселињо Уертас, Јака Блажиќ.

Ги замолив тренерите Жељко Обрадовиќ, Невен Спахија и Јосип Сесар да играат како да се работи за официјален меч бидејќи Дражен така би сакал“, откри Александар Петровиќ.

Ненад Димитријевиќ од оваа сезона ќе настапува за Олимпија Милано.

To top