Кошарка

Ненад Димитријевиќ прв стрелец во финалето од Суперкупот на Италија

Ненад Димитријевиќ прв стрелец во финалето од Суперкупот на Италија

Кошаркарите на Олимпија Милано во полуфиналето од италијанскиот Суперкуп славеа против Венеција со резултат 73:62.

Најзаслужен за пласманот во големото финале беше македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ кој реализираше 14 поени.

Нашиот плејмејкер го следеше Никола Миротиќ со 13 поени, а на спротивната страна се истакна Амедео Теситори со 12 поени, два помалку запиша Давиде Касарин.

За триумфот Олимпија Милано ќе игра против екипата на Виртус Болоња која со 96:87 беше подобра од Наполи Баскет.

To top