Кошаркарскиот клуб на Милано преку Венеција и Виртус Болоња дојде до петтиот пехар во ова натпреварување, а меѓу оние кои беа најзаслужни за овој резултат беше македонскиот репрезентативец Димитријевиќ кој на крајот го понесе и признанието за најкорисен играч на турнирот.
Македонецот имаше просек од 15 поени, 3,5 асистенции и 3 скока со индекс 16 што беше доволно да ја добие МВП наградата.