Кошарка

Ненад Димитријевиќ го скока и двојното коло во Евролигата

Ненад Димитријевиќ го скока и двојното коло во Евролигата

Македонскиот кошаркарски репрезентативец Ненад Димитријевиќ уште е надвор од стројот на италијанска Олимпија Милано и  нема да игра и на следните два натпревари во Евролигата.

Во најквалитетната европска кошаркарска лига следи двојно коло. Олимпија Милано игра два меча пред својата публика, прво во вторник се среќава со Алба Берлин, а потоа ќе игра со Партизан.

Димитријевиќ веќе неколку средби не игра за „манекените“ поради повреда, а изгледа дека ситуацијата не е наивна. Тренерот Месина потврди дека за Милано ќе играат истите 12 играчи кои настапија на последниот дуел во лигата, а меѓу нив не беше македонскиот плејмејкер.

Се очекува Димитријевиќ да се врати наскоро на паркетот, а оваа сезона има 9,1 поени во просек по натпревар.

Теми на денот

To top