Поранешниот НБА шампион, Глен Дејвис, е осуден од страна на федералниот судија на 40 месеци затвор, три години условна казна и 80.000 долари поради поднесување на лажни медицински извештаи.
Дејвис и уште 20 луѓе извршиле измама со здравствено осигурување за играчи од НБА лигата и членови на фамилијата во износ од преку пет милиони долари во шема која траела најмалку четири години.
Тие набавувале лажни медицински извештаи и врз основа на истите барале пари од осигурување.
Дејвис со Бостон во 2008 година ја освои НБА лигата.