Кошарка

Нејт Сестина се повреди

Нејт Сестина се повреди

Американецот Нејт Сестина (28), кој во иднина ќе ги брани боите на нашата репрезентација од Италија пристигна информација дека играчот на Олимпија Милано се здобил со скршеница на раката, поради која ќе отсуствува подолг период.

Сестина со сигурност нема да биде на теренот до крајот на годината, а прашање е дали ќе се врати за време на вториот ФИБА-прозорец, кога Македонија ќе одигра два меча, првиот против Луксембург дома (27 февруари) и вториот против Азербејџан на гости (2 март) во рамки на квалификациите за ЕП. Едно е сигурно, а тоа е дека ќе го пропушти првиот прозорец на ФИБА кој стартува за неколку дена и претквалификациските дуели против Азербејџан дома и Ирска на гости, иако беше на списокот на селекторот Марјан Илиевски.

Неговата повреда ја потврди и легендарниот Еторе Месина, со кого соработува во редовите на италијанскиот гигант.

– Сестина ќе биде подложен на операција на раката и ќе отсуствува долго време, можеби до три месеци, истакна Месина.

Сестина се приклучи на Олимпија Милано во текот на сезоната откако дојде од Валенсија. Но, неговата повреда донесе и нова главоболка за Месина бидејќи тимот повеќе наликува на болница, отколку на екипа. Повредите на неколкумина кошаркари го ставија тимот во подредена улога во изминатиот период, а не „мириса“ на добро и во иднина.

To top