Кошарка првиот играч во историјата

НБА: Рекорден трипл дабл на Адетокумбо

Најефикасен во тимот на Милвоки беше Јанис Адетокумбо, кој забележа трипл-дабл со 35 поени, 20 асистенции и 17 скока.

НБА: Рекорден трипл дабл на Адетокумбо

Кошаркарите на Милвоки синоќа на гости ја совладаа Филаделфија со 126:113, нанесувајќи му го на домашниот тим десетиот последователен пораз во НБА лигата.

Најефикасен во тимот на Милвоки беше Јанис Адетокумбо, кој забележа трипл-дабл со 35 поени, 20 асистенции и 17 скока.

Грчкиот крилен центар на тој начин стана првиот играч во историјата на НБА кој постигнал најмалку 35 поени, 20 асистенции и 15 скока на еден натпревар.

Во дербито на вечерта, Голден Стејт забележа гостинска победа над Лос Анџелес Лејкерс со 123:116. Тоа беше четврта последователна победа на Голден Стејт, кој го држат петтото место на Западот со 45 победи и 31 пораз, додека Лејкерси се чекор погоре со скор 46-30.

Стивен Кари го предводеше победничкиот тим со 37 поени, додека Брендон Подзиемски додаде 28 поени со рекордни во кариерата осум постигнати тројки.

To top