Кошарка

НБА: Победи на Голден Стејт и Портланд

НБА: Победи на Голден Стејт и Портланд

Кошаркарите на Атланта во НБА лигата го совладаа составот на Бостон со 119:115 по едно одиграно продолжение.

Најефикасен кај победничкиот тим беше Трае Јанг со 28 поени и 11 асистенции. Дајсон Даниелс додаде 23 поени, додека Оника Оконгву постигна 19 поени и 13 скока.

Најдобар играч за актуелниот шампион во НБА беше Џејлен Браун со 24 поени, 11 скока и осум асистенции. Џејсон Тејтум постигна 23 поени, додека Дерик Вајт додаде 21.

Голден Стејт на домашен терен го совлада Вашингтон со 122:114. Најефикасен кај победничкиот тим беше Ендрју Вигинс со 31 поен и 11 скока. Кај гостите најдобар беше Џордан Пул со 38 поени.

НБА лига:

Бостон – Атланта 115:119, 104:104 (по 1 продолжение)
Индијана – Филаделфија 115:102
Голден стејт – Вашингтон 122:114
Минесота- Кливленд 117:124
Портланд – Хјустон 103:125

To top