Кошарка

НБА: Неверојатен пресврт на ЛА Лејкерс против Феникс (ВИДЕО)

НБА: Неверојатен пресврт на ЛА Лејкерс против Феникс (ВИДЕО)

Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс стигнаа до втората победа во вториот сезонски натпревар во НБА со чудесен пресврт пред своите навивачиго совладаа Феникс Санс откако триумфираа со 123-116.

Санс одлично го отворија дуелот и стрелаа со 15/22 за да стигнат до 15 поени предност во првата четвртина, а на почетокот на втората зголемија на 48:26.

Нешто подоцна почна пресврт кој ќе резултира со убедлива победа на домашните. До полувремето Лејкерси ја намалија предноста на Санс на едноцифрен број поени, а на почетокот на третата четвртина поведоа.

Ентони Дејвис со 35 поени и осум скока, Остин Ривс со 26 поени и осум асистенции и Леброн Џејмс со 21 поен и осум асистенции беа најдобри во пресвртот на Лејкерси. За Санс Кевин Дурент постигна 30, а Девин Букер додаде 23 поени.

Дејвис стана првиот играч на Лејкерс од 2005 година кој постигнал 30 или повеќе постигнати поени во првите два натпревари од сезоната.

Последен пред него што го направи тоа беше Коби Брајант. Исто така, Лејкерси ја немаат започнато сезоната со рекорд од 2:0 од сезоната 2010/11.

Резултати: Орландо – Бруклин 116-101, Торонто – Филаделфија 1115-107, Атланта – Шарлот 125-120, Кливленд – Детроит 113-101, Њујорк – Индијана 123-98, Хјустон – Мемфис 128-108, Милвоки – Чикаго 122-133, Јута – Голден Стејт 86-127, ЛА Лејкерс – Феникс 123-116, Портланд – Њу Орлеанс 103-105. 

To top