Кошарка

НБА: Милвоки Бакс предводен од Јанис го совлада ЛА Лејкерс

НБА: Милвоки Бакс предводен од Јанис го совлада ЛА Лејкерс

На мечот помеѓу Лос Анџелес Лејкерс и Милвоки Бакс беше под очекувањата, затоа што „елените“ славеа убедливо над ривалот со 118-89.

„Езерџиите“ беа без повредениот Леброн Џејмс, а на повреда на зглобот во последен момент се јави и Лука Дончиќ.

Милвоки во своите редови го имаше и расположениот грчки кошаркар Јанис Андетокумпо кој заврши како најдобар со 28 поени, пред Трент со 23 и Кузма со 20 поени. Кај Лејкерси во отсуство на главните, прв стрелец беше синот на Леброн, Брони Џејмс со 17 поени.

Голдден Стејт во дуелот со Торонто Репторс како домаќин славеше со резултат 117-114. Не му помогна на канадскиот тим „дабл-даблот“ на Барнс од 29 поени и 10 скока, а кај Голден Стејт меч за паметење имаше Дрејмонд Грин со 21 поен, седум скока и пет асистенции, пред Пост со 18 и Кари со 17 поени. „Трипл-дабл“ имаше Џими Батлер – 16 поени, 12 асистенции, 11 скока.

На останатите натпревари, Индијана Пејсерс по продолжение славеше над Бруклин Нетс (105-99), Шарлот Хорнетс убедливо го добија Њујорк Никс (115-98), додека Чикаго Булс направи брејк кај Сакраменто Кингс (128-116).

To top