Актуелниот шампион Денвер ќе се сретне со Бостон во два претсезонски натпревари во Абу Даби оваа есен, соопшти денеска НБА лигата.
Двете екипи, предводени од Никола Јокиќ и Џејсон Тејтум, двата натпревари во Абу Даби ќе ги одиграат на 4 и на 6 октомври.
„Возбудени сме од можноста што ќе ја имаме во Абу Даби да ги однесеме двете најдобри НБА екипи, Денвер и Бостон“, изјави заменикот комесар на НБА лигата, Марк Тејтум.
Минатиот јуни, Денвер во финалето го совлада Мајами и ја освои својата прва НБА титула во 47-годишната клупска историја, додека Бостон загуби во претпоследната рунда од плејофот.