Кошарка

НБА лигата ќе формира европска лига

НБА лигата ќе формира европска лига

НБА комесарот Адам Силвер вечерва потврди дека менаџментот на лигата и ФИБА ќе работат на проект кој ќе значи формирање на ново европско кошаркарско натпреварување.

Потенцијалниот ривалски турнир на Евролигата станува многу пореален, а најавите на Силвер се дека ќе учествуваат 12 екипи кои ќе имаат гарантиран настап со лиценца и уште четири екипи кои ќе обезбедуваат пласман по друг принцип.

– Сепак ова може да се промени, се работи само за првични планови. Сега следуваат разговори со членовите на раководството кои нема да бидат тајни, туку целосно отворени, – рекол Силвер.

Најавите се дека во Европа ќе бидат формирани нови клубови во најголемите метрополи и ќе учествуваат во проектот со лиценци.

To top