Екипата на Шарлот даде нова кошаркарска ѕвезда. Станува збор за дебитантот во НБА, Кон Книпел, кој блеска оваа сезона во дресот на Хорнетс, а тоа најдобро го демонстрираше и во победата против Њујорк (114:103).
Тој го заврши натпреварот со 26 поени, 11 скока и осум асистенции, па затоа е разбирливо зошто некои го сметаат за најдобар почетник во лигата, пред првиот избор, Купер Флег од Далас.
Не само што е разновиден и ги пополнува сите најважни статистички колони, туку шутира неверојатно, па така, можеби, го добивме наследникот на Стеф Кари.
На дуелот против Њујорк, тој погоди шест тројки од десет обиди и во својата прва НБА-сезона шутира над 40 проценти од три поени.
И тоа се три и пол тројки на натпревар. Меѓу другото, тој ќе биде убедливо најуспешниот „руки“ по бројот на постигнати тројки, веќе со 253.