НБА кошаркарот Гордон Хејворд ја заврши својата професионалната кариера на 34 години, објави тој на социјалните мрежи.
Хејворд помина 14 години во НБА, а беше член на Ол Стар тимот во 2017. Тој остави најдлабока трага во тимот на Јута Џез, а играше и за Бостон Селтикс, Шарлот Хорнетс и Оклахома Сити Тандер.
Тој им се заблагодари на својот агент, на семејството, како и на сите фанови кои го поддржуваа во текот на неговата кариера.