Националната кошаркарска асоцијација експресно ги определи суспензиите за Хосе Алварадо и Марк Вилијамс кои разменија удари среде мечот на нивните тимови ноќта меѓу саботата и неделата.
НБА го суспендираше бекот на Њу Орлеанс Пеликанс, Хосе Алварадо, на 2 натпревара, додека центарот на Финикс Санс, Марк Вилијамс, е суспендиран на 1 натпревар, по нивната тепачка во саботата навечер, објави ESPN.
Да се потсетиме дека во текот на третата четвртина, по прекршок на ситниот бек на Пеликанс, Хосе Алварадо, Марк Вилијамс дофрли нешто што целосно го разбесни домашниот играч.