Кошарка

НБА ѕвезда заврши во болница

НБА ѕвезда заврши во болница

Кошаркарот на Филаделфија 76ерс, Кели Убре Џуниор имаше сообраќајна незгода, поради која заврши во болница.

Убре бил удрен од автомобил во близината на својот дом во центарот на Филаделфија. Кошаркарот веднаш бил хоспитализиран, а според информациите неговата ситуација е стабилна. Сепак, се верува дека Убре го очекува долг период на заздравување, бидејќи има повреди.

Возачот кој го прегази кошаркарот побегнал од местото на настанот и по него се трага, но има доста сведоци. Дури откако ќе се пронајде сторителот полицијата планира да спроведе истрага за тоа дали Убре е намерно удрен со автомобилот.

Сезонава кошаркарот во НбА лигата бележи просек од 16 поени по натпревар.

foto:nba.com

To top