Поранешниот седми пик на НБА-драфтот, Бен Меклемор, ќе мора да отслужи осумгодишна затворска казна поради силување што се случило на домашна забава на езерото Освего, во 2021 година
Меклемор, кој нема играно во НБА од 2022 година, има 32 години, покрај силувањето, беше осуден и за пенетрација без дозвола, но некои обвиненија беа отфрлени, па на крајот доби точно 100 месеци затвор. На судењето, тој беше облечен во затворска облека и не даде изјава.
Се надеваме дека храброста на жртвата да раскаже сè за овој случај ќе им даде храброст на другите жртви да проговорат. Казната што ја доби осудениот треба да биде потсетник дека нема да се толерира вакво однесување во нашата заедница и дека секогаш ќе им изрекуваме затворски казни на сторителите – рече адвокатот Скот Хили.