Кошарка

Навивачите на Партизан се најгласни во Евролигата

Навивачите на Партизан се најгласни во Евролигата

Навивачите на Партизан, популарните „Гробари“, откако Црно-белите се вратија во најквалитетното европско кошаркарско клупско натпреварување поставија многу рекорди, а денеска добија уште една потврда од Евролигата дека немаат конкуренција.

Според податоците на Евролигата, најбучни навивачи во последното коло беа тие на Партизан.

Тие во победата од 100:90 над Анадолу Ефес ја исполнија до последно место „Штарк арената“ и генерираа бука од 96,93 децибели.

На второто место се најдоа навивачите на Жалгирис, кои на дуелот против Олимпијакос во Каунас исто така беа гласни.

Новогодишен Giveaway – Зимзоленд

Тие создадоа бука од 94,79 децибели.
Трети се фановите на Барселона со 94,69 децибели.

To top