„Можеме да потврдиме дека по кошаркарскиот натпревар на „Грипе“, тројца српски државјани кои биле на натпреварот биле нападнати од група млади луѓе во близина на салата.
Лицата не биле пријавени во полиција како службени лица или навивачи на гостинскиот клуб, па затоа избегале од полицискиот надзор и обезбедување“, соопшти Сплитско-далманската полициска управа.
Две лица се повредени и се на лекување.
Хрватските медиуми неофицијално јавуваа дека повредите се полесни. Третото лице не е повредено.
Полицијата спроведува кривична истрага.