Кошарка

Нандо Де Коло се врати во Турција

Нандо Де Коло се врати во Турција

Францускиот ветеран и втор најдобар стрелец во историјата на Евролигата Нандо Де Коло, на 38-годишна возраст повторно ќе го носи дресот на турскиот гигант, откако двете страни ги договорија сите детали и трансферот е потврден.

Де Коло веќе има богато искуство со турскиот гигант, за кој настапуваше во периодот од 2019 до 2022 година.

По заминувањето од Истанбул тој се врати во Асвел клуб во кој и ја продолжи кариерата до овој трансфер, а сега повторно ќе биде дел од проектот на Фенербахче во борбата за врвот на Европа.

И покрај годините, францускиот ас сезонава игра на високо ниво и е најпродуктивниот кошаркар на Асвел.

ЧппВо просек бележи 13,6 поени, 2,1 скок и 4,7 асистенции за само 21 минута на паркетот, со индекс на корисност од 17,8, што јасно говори за неговото влијание во играта.

To top