Кошарка

Најпознатиот НБА новинар ја смени професијата

Најпознатиот НБА новинар ја смени професијата

Најпознатиот НБА новинар Адријан Војнаровски одлучи да стави крај на долгата кариера како спортски новинар.

Војнаровски во објава преку социјалните мрежи потврди дека се повлекува од спортското новинарство и во иднина ќе работи нешто друго.

„Свесен сум каква посветеност бара мојата работа и тоа е инвестиција која чувствувам дека повеќе не ме води. Времето не е бесконечно и сакам да го трошам на нешто кое има повеќе лично значење. По сите години покривање на омилените тимови се враќам на мојот тим“, објави меѓу другото Војнаровски.

Војнаровски ќе работи како генерален директор на кошаркарската школа на Универзитетот Сент Бонавентура каде и што дипломирал.

To top